КАДЕ ЗАМИНА ЧОВЕЧНОСТА! КОЛЕГИ НА РАБОТА ЈА КЛЕВЕТЕЛЕ И НАПАЃАЛЕ ДОДЕКА СЕ ЛЕЧЕЛА ОД РАК

Мајка на две деца, храбра, паметна, горда, убава, чудо од жена, ова се зборовите со кои пријателите ја опишуваат Аница Гусак Крајновиќ на која пред шест месеци и бил дијагностициран рак на дојка. Зад неа се веќе операцијата, хемотерапијата и зрачењето, но и горчливиот вкус поради поплаките што нејзините колеги ги испраќале до ХЗЗО.

 

Аница не се замара премногу за тоа и е фокусирана на закрепнувањето, но нејзините пријатели не останаа рамнодушни на мобингот и дискриминацијата што ја трпеше бидејќи боледува од рак. Според нејзините колеги, освен што „планирала“ да се разболи од рак, се дрзнала дури да оди на боледување за – хемотерапија.

 

Ваков мејл испратиле до Хрватскиот завод за здравствено осигурување, поради што нејзиниот лекар морал да испрати дополнителна документација дека Аница е навистина болна и дека има уредно боледување. Кога се вратила на работа без коса, тоа веројатно било доволен доказ дека има рак, но потоа до HZZO бил испратен нов мејл дека ќелавата Аница била лоша кон некои вработени, а потоа секако и кон клиентите.

 

47-годишната Аница е вработена во Центарот за социјални работи во Славонски Брод и, како што вели, 90 отсто од колегите и даваат огромна поддршка во борбата против ракот. Сепак, има и оние неколку „колеги“ кои се обидоа да и ја отежнат и онака тешката ситуација.

 

– Губењето на косата е психички многу тешко, а ваквите коментари ме вратија во времето кога дознав за дијагнозата – вели Аница за Јутарњи.

 

– Секогаш кога се чувствував добро, одев на работа. Работам на компјутер, не се напрегам, а работата многу ми помогна за менталното здравје. Кога работев не размислував за болеста, изјавила Аница.

 

Дел од коментарите на граѓаните ги критикувааат оние „кои не знаат како е да се погледнете во огледало и да се гледате себе си без коса, а се осмелуваат да коментираат.

 

– Многумина се камуфлираат под перики, се лажат себеси и другите… ова е храброст. Ова е за пример и поттик, не за гадење!, стои во коментарот.

 

Приказната на Аница стигна и до Ивана Калоѓера, основачот на здружението и порталот „Нисмо саме“, кој се занимава со информирање и давање поддршка на жените кои се лекувале или се уште се лекуваат од рак. Таа го осуди однесувањето на нејзините колеги и ја покани Аница на изложбата „Јас сум сила“ која ќе се одржи на 5 февруари во Градската библиотека во Славонски Брод.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа