Руските бродови може да бидат спречени да минуваат низ Балтичкото Море доколку истрагата открие вмешаност на Москва во оштетувањето на гасната инфраструктура, изјави летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.
– Доколку се потврди некаква одговорност на Русија или на некоја друга земја. Па, тешко дека тоа е некоја друга земја. Тогаш би рекол дека, според мене, ќе се разговара за прашањето за затворање на Балтичкото Море за сите руски бродови – изјави Ринкевичс на ТВ3.
Според неговите зборови, такви разговори се уште не се водат, бидејќи за заклучоци треба „да се чекаат конкретни и јасни резултати од истрагата“.
– Всушност, првиот одговор е зголемувањето на патролите на НАТО. Сепак, би рекол дека во овие околности тоа е неопходно – додаде Ринкевичс.
Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл Оскар Болин во вторникот изјави дека добил информација за оштетување на телекомуникацискиот кабел меѓу Естонија и Шведска.
Според него, кабелот бил оштетен истовремено со гасоводот Baltikkonector, пренесува Ria.ru.