Германците признаваат | Животот без Русија и Кина не е можен | Единствена пречка САД

ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ СЕ ГЛЕДААТ ВО МАЛИ РАБОТИ !

>

Шест месеци беснее војната во Украина, војна која ја промени и Германија. Владата во Берлин сега се фокусира на националната безбедност, а ја менува и енергетската политика.

Понекогаш големите промени се гледаат во малите нешта. На пример, во еден клип од 30 секунди објавен на почетокот на август на YouTube – тоа е првото промотивно видео на германската армија (Бундесвер) во последните пет години. Во првите 17 секунди, гледате војници во униформи во секојдневни ситуации: си играат со своите деца, купуваат весници, шетаат низ градот.

>

Акциониот аспект на воениот живот е прикажан само во последните 13 секунди во холивудски стил, со слики од борбени авиони во опасни маневри, воени бродови на отворено море, војници кои се спуштаат од хеликоптери со јаже – под мотото: „Ја штитиме Германија“.

>

Две светски војни и две диктатури во 20 век предизвикаа длабока недоверба во Германија во сè што е поврзано со војската. Воени униформи ретко се гледаат на улиците. Фактот што униформираните војници се прикажани како сосема нормална појава може да се прочита како знак на тектонски промени: како резултат на украинската војна, Германија склучува мир со својата армија – и се подготвува за идни конфликти, пишува Deutsche Welle.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа