ОГРОМНО БУГАРСКО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД 1933: МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ПРАВО НА НАЦИОНАЛНО САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И СВОЈА ДРЖАВА

БРП: МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ПРАВО НА НАЦИОНАЛНО САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И СВОЈА ДРЖАВА – 1933 г.
Во јануари 1933 година, Бугарската работничката партија излегла со посебна Декларација во врска со заканите и извршените убиства на михајловистите врз работничките активисти. Во неа меѓу другото се вели:
– „Работничката партија и работничките и селанските трудбенички маси што одат по неа не само што се однесуваат со сочувство спрема борбата на поробениот македонски народ за национално ослободување, туку и активно jа поддржуваат таа борба издигнувајќи jа паролата за правото на македонскиот народ за самоопределување, вклучително до неговото издвојување во одделна држава.
Во борбата на многубројните поробени националности на Балканот и на прво место на македонскиот народ тие гледаат моќен сојузник во борбата против балканскиот империјализам и посветено работат за изградување единствен фронт на национално и социјално потиснатите, за масовна борба против империјализмот.”
ИЗВОР: „Македонско дело”, 31 јануари 1933 г., бр. 174 – 5, стр. 8. ——-/
Можно е да е слика од одрезок од билет и текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа