НОВ СКАНДАЛ: Во албанската химна за ЕП 2024 за Скопје се пее како за – албански град (ВИДЕО)

УЕФА покрена истрага против Албанската Фудбалска Федерација, а веќе се појавува нов поврзан со користењето националистички ноти од страна на нашиот западен сосед користејќи го фудбалот и ЕП 2024 во Германија.

Без разлика што е објавена пред неколку недели, пцовките кои фудбалерот на Рубин Казан ги упати кон сите државјани на Македонија придонесоа на виделите да излезе уште еден скандал и тоа со официјалната химна на Албанија за настапот на континенталниот собир.

 

Во песната се зборува за убавините на оваа земја, а случајно или не, во контекст на ова се споменуваат и градови кои им припаѓаат на други држави. Тоа се однесува на Приштина, главниот град на Косово и тоа што повторно е провокација наведено е и Скопје, кој е претставен како – албански град.

 

делот за Скопје е на 0:50 минути од видеото