ПРОТЕКОА АМЕРИКАНСКИ ДОСИЈЕА ОД 1895! 15000 ЖИТЕЛИ КОИ ЕМИГРИРАЛЕ СЕ ДЕКЛАРИРАЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ

>

 

„Во периодот од 1895 до 1925 година врз база на податоците од досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, околу 15.000 лица кои имигрирале во САД се изјасниле како Македонци, иако во тоа време не постоела државата Македонија.

>

Постојат досиеја за раната македонска имиграција во САД која се случувала во почетокот на 20 век. Овие досиеја се интересен сведок за потврдување на македонскиот етнички идентитет.

Друга многу важна серија информации содржани во досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација во врска со раната македонска имиграција во САД индицира дека тие навеле различни земји како земја на потекло: од Турција – 4.979, Грција – 906, Македонија – 4.194, Бугарија 267, Албанија 5 и Србија 188.

>

Овде јасно е покажано дека најголем број од македонските имигранти, или поточно 4.979 Македонци, ја посочиле Турција како своја земја на потекло. Ова е поради тоа што пред балканските војни во 1913 година, цела Македонија и’ припаѓала на Турција. Меѓутоа, она што навистина боде очи е дека речиси еднаков број Македонци ја посочиле Македонија како своја земја на потекло, иако таа во тој период не беше држава“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа