ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ЌЕ БИДЕ ПРВАТ ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Силјановска-Давкова вечерва изјави дека разговарала на оваа тема со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека сè уште нема донесено конечна одлука.

>

Гордана Силјановска-Давкова, која на минатите претседателски избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека сè уште размислува дали да се кандидира на претседателските избори.

 

>

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Силјановска-Давкова вечерва изјави дека разговарала на оваа тема со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека сè уште нема донесено конечна одлука.

 

>

– Сè уште не знам, размислувам низ призма на мојот живот. Сè уште нема конечна одлука – вели Силјановска-Давкова.

Можеби ќе ве интересира

Таа додава дека секој може да се кандидира за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе треба да се претстави со своја програма на конвенцијата, но дека последната одлука ќе ја донесат делегатите.

>

 

Според неа, има многу причини годинава резултатот на претседателските избори да биде поинаков од оној на минатите претседателски избори.

>

 

Во однос на најавите на албанскиот опозициски блок дека ќе настапат со свој претседателски кандидат и дали наскоро може да се очекува претседател Албанец, Силјановска-Давкова вели дека нема проблем со етничката припадност на кандидатите за претседател. Најважно за неа е знаењето и елоквентноста на кандидатот.

>

 

– Мене воопшто не ми е проблем да има кандидат за претседател на државата Албанец, но најважно е кој е кандидатот. Крајно време е знаењето да го ставиме пред партиската припадност – вели Силјановска-Давкова. 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа