„ГОРД СУМ ШТО СУМ ПУМА! Таа има 42 години и излегува само со ПОМЛАДИ МАЖИ! „Постарите луѓе се незрели и несериозни…
Лајф тренерот и инфлуенсер Аманда (42) не крие дека има необичен вкус за мажи, односно дека никогаш не би излегувала со мажи на нејзина возраст.
Објаснувањето за тоа, вели таа, е дека и се заситила од љубовниот живот по пет предолги врски.
Таа вели дека сега повеќе сака да се фокусира на забавата и претпочита да гледа мажи кои се многу помлади од неа. Додава и дека помлади мажи и праќаат пораки на социјалните мрежи и ја канат на состаноци, а смета дека нема ништо лошо да не се замараш за големата разлика во години.
– Мора да имаат многу специфичен изглед, тетоважи, мускули и добар вкус во облекувањето. Не мора да бидат шегобијци, затоа што тоа сум јас, но по можност тие се смешни. Преферирам помлади момци затоа што сум млада во душа, не би си ги дала годините што ги имам – објаснила Аманда.
Аманда исто така смета дека е важно мажите да знаат да се додворуваат на дама и да бидат верни.
– Порано бевте среќни кога добивавте нечиј број за закажување состанок, но сега одите во тоалет и додека ве нема, тие се движат низ Тиндер. Веднаш им кажувам на момците кои ме контактираат и ми се допаѓаат дека барам некој да излегувам долго време. Но, ништо не планирам, сакам да оди природно. Секогаш на првиот состанок велам дека сакам момци да ми се додворуваат – рекла таа.
Додала и дека мисли дека мажите на нејзина возраст се незрели и несериозни, бидејќи веќе неколку пати ја изневерувале и дека тоа е главната причина поради која излегувањето со нив не доаѓа предвид.