РАЗОРНИОТ „МЕТЕОРИТ“ НА ПУТИН, ПРИСТИГНУВА ЗА 30 МИНУТИ: „Авангард“ може да збрише сѐ за секунда

 

Рускиот ракетен комплекс „Авангард“ може да изврши серија напади на која било точка на планетата за само 30 минути, пишува британскиот весник Дејли експрес.

 

„Ракетата, која Путин ја опиша како „метеорит“, може да биде истрелана надвор од границите на атмосферата на Земјата и може да погоди неколку цели каде било во светот за помалку од 30 минути“, пишува весникот.

 

Авторите на текстот укажуваат и дека „Авангард“ може да развие брзина од неколку десетици илјади километри на час.

Основата на комплексот „Авангард“ е хиперсонична, наведувана боева глава, која се истрелува кон целта со помош на интерконтиненталната балистичка ракета UR-100N UTTH/RS-28. Развива брзина до 9,5 километри во секунда, што и без боева глава му дава кинетичка енергија еквивалентна на маса од 18 тони ТНТ.

Тој е дизајниран да ја порази противракетната одбрана на непријателот. Беше поставен на борбена должност на 17 декември 2019 година.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа