Објавено: понеделник, 13 ноември 2023
Летово во текот од истражувањата, на подот од Теодосијанската палата во локалитетот Стоби беше пронајден мозаик. Деновиве се работеше на негово превентивна конзервација и се констатира дека таму е ликот на богот Дионис.
„Мозаикот досега не е регистриран, пред се со истражувањата од 1928 година, кој ги воделе археолози од Народен музеј Белград. Чудно е што тогаш не е откриен, иако сите простории имаат мозаични подови. Најверојатно е од 4 од н.е. Во централното поле е богот Дионис. За прв пат на подрачјето на државава е пројаден мозаик со толку ситен опус. Околу полето има друг мозаик со геометриски фигури и претстави од чаши и кантароси. Дури е сочуван и натпис кој на посетителот му кажува да пие и да живее“ – кажа Димитар Николовски археолог од НУ Стоби.
Деновиве се работи на превентивна конзервација на мозаикот, со цел на негова заштита од распаѓање. На него работи тим од тројца конзерватори на мозаик, и тие се единствените во Македонија кои ја работат оваа работа. Сите активности се дел од работите на истражување на Теодосијанска плата, кое е финансирано од Каплан фондот од САД, во висина од 300 илјади долари.
„Годинава конзерваторите работеа во перистилот,во еден од коридорите околу перистилот, во отворениот двор. При тоа направени се конзервација на постоечки мозаици, репарираа постари конзервации. До година продолжуваат со работа во простории каде има нетретирано мозаични подови. Во процедура сме на изработка на голема монографија за Стоби. Тоа треба да биде слика на локалитетот, каква што немаме направено одамна од времето на професорот Иван Микулчиќ“- додаде Николовски.
„Мозаикот е најверојатно од четвртиот век после Христос. Тој е особено значаен за „Стоби“ бидејќи е едно ново значајно откритие, кој е многу поантичен од другите мозаици. Со конзервацијата, тоа е итна интервенција за да се помине зимата. На крај, ќе го покриеме. Кога ќе дојде пролет, ќе се открие и ќе се започне со крајната работа, односно консолидацијата на сите делчиња – камчиња и нивно соединување “ – рече Алесандро Лугарди, конзерватор од Италија.
Историските факти се дека императорот Теодосиј го има посетено Стоби околу 388 година од н.е. и вообичаено било императорот да престојува во најбогата куќа од градот. А и тогаш и денес, најбогата куќа во локалитетот била таа, која сега го носи името Теодосијанска плата.