КОЈ КОГО ЛАЖЕ И ШТО СЕ КРОИ СО ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА! ЕКСПЛОЗИЈА НА ПРОФЕСОР ПО ЕНЕРГЕТИКА! БУГАРСКАТА ТАКСА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПОКАЧИ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ПОВЕЧЕ ОД 5 %

Ако веруваме во сé што ќе прочитаме, можеме само да се споулавиме. Денеска неколку медиуми објавија дека струјата ќе поскапела за 20% поради поскапата такса за транзит на гасот низ Бугарија. Дали ова има некаква логика?
Единствената термоелектрана на гас во Македонија е приватната ТЕ-ТО, со годишно производство од околу 1.600 GWh електрична енергија. Дел од енергијата тие продаваат на домашниот пазар (не знаеме по колкава цена, но сигурно е далеку над 53 евра/MWh, веројатно околу 100 евра/MWh), а дел извезуваат.
Вкупната годишна потрошувачка во нашата држава изнесува околу 6000-6300 GWh/год. Во најнеповолен случај за нас, доколку вкупно производената енергија од гас во ТЕ-ТО останува во земјата, тогаш нивното учество на домашниот пазар не би можело да надмине 1.600/6.000 = 26,7%, а веројатно е значително помало.
Моменталната цена на топлинската енергијата од гас изнесува околу 40 евра/MWh, што значи дека бугарската такса од 10 евра/MWh би ја кренало цената на гасот за 25%. Бидејќи цената на гасот учествува во цената на електричната енергија од гасни електрани со околу 77%, тоа значи дека електричната енергија од ТЕ-ТО може да поскапи за 0,77*25% = 19,2%.
При теоретски максимално можно учество на ТЕ-ТО на домашниот пазар од 26,7% (што е многу далеку од реалноста), бугарската такса може да ја зголеми општата цена на електричната енергија во земјата најмногу за 0,192*26,7%=5,14%, а поверојатно е дека ќе биде многу помалку.
Додуша, поскапата цена на струјата од гас го зголемува тежинскиот коефициент од 0,192 во пресметката, но останува фактот дека поголемиот дел од таа струја се извезува, па пресметаниот процент е приближно ист..
Да заклучиме, бугарската такса не може да предизвика поскапување на електричната енергија за 20%, туку најмногу за 5,14%, а веројатно и помалку од ова.
Наравоучение: или премиерот не знае што зборува или новинарите грешно ја пренеле веста или некој извлекол грешни заклучоци.

 

Ќе се покачи цената на струјата за 20 отсто поради таксата за гас која од денес Бугарија ќе ја наплаќа
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа