„СЕ БОРАТ ЗА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ CO ПОСЕБЕН МАКЕДОНКСКИ ЈАЗИК И ЦРКВА” – 1903 г.

Во Санкт Петербург, Русија, на 28 октомври 1902 година, 20 Македонци го основаат Македонското научно-литературно другарство (МНЛД). Меѓу основачите се Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Мишајков, Стефан Дедов, Гаврил Константинович и други македонски дејци.
На 12 ноември 1902 година, МНЛД испратило писмо до Руската влада во кое претставило македонска национална програма. МНЛД бара признавање на Македонците како посебен народ и нација, со посебен македонски јазик и култура, и со своја македонска црква.
Барајќи начин да ја убеди јавноста и да ја оправда својата кауза, МНЛД укажува дека со добивање македонска самостојност и независност би се смириле националистичките страсти на балканот.
Списанието „Словенски век” (Славянский Век) објавилo статија по повод создавањето на МНЛД и неговите цели и активности:
– „Целта на другарството е: духовно обединување и единство на татковината, изучување на Македонија од историска и етнографска страна, запознавање на руското општество со вистинската положба на Македонците во минатото и сега. Членовите на кружокот зборуваат меѓу себе само на македонски наречја, а не на бугарски и на српски, како што беше досега, по местото на воспитувањето… Oстварувањето на оваа идеја: ‘Македонија за Македонците’ со создавањето (литературна кодификација, з.н.) на македонскиот јазик, по мислењето на овие автономисти, ќе се покаже прифатлива…”
ИЗВОР: „Славянский Век”, No. 62, Вена, (15-го (28-го) февраля 1903), стр. 431, 432. —–/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа