ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: ИМЕТО „БУГАРИ“ Е БОЛЕСТ

Бугарските пропагандисти и платеници користат едно писмо на македонскиот револуционер Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1899 г., со цел да му импутираат бугарска национална припадност. Се работи за класична бугаристичка лага и манипулација. Бугарите вадат половина реченица од писмото, ја претставуваат вон контекстот и така конструираат пропагандна манипулација.
Полуреченицата, со којашто Бугарите манипулираат, гласи: – „…што да правиме кога СИ СМЕ болгари…“ Но, Гоце додава: „…и страдаме од една иста БОЛЕСТ!“
Следи целиот пасус којшто само покажува дека Гоце говори за сосем обратното од тоа што Бугарите се обидуваат да го подметнат. Гоце пишува:
– „Отцепувањата и расцепкувањата никако не треба да нè плашат. Навистина жално е, но што да правиме кога си сме болгари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од коишто ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани. Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe?
Сепак имаме нешто и од грчките болести – ‘колку глави, толку капетани’… Пустата му слава! Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок. Тешко им на тие што страдаат под овие ‘комедии’.“
Гледајќи ја изјавата во целост, смислата на напишаното НЕ Е дека Македонците се „болгари“, туку сосема обратно. Исказот претставува критичка иронија и сарказам. Имено:
1. Гоце вели дека бугарското (но и грчкото) име во Македонија се нешто наметнато – дека CE БОЛЕСТИ и ФАЛШ, и дека Македонците страдаат од тие болести, но не треба да им се поддаваат.
Поради припадноста кон официјалниот бугар-милет, а претходно и поради византиската област Вулгарија и грчкиот повеќевековно-наметнуван поим „вулгари“ за словенојазичните поданици на Отоманска Турција, и Македонците биле означени со тој „фалш“.
Впрочем, слично говорат и другите македонски дејци, како на пр. Крсте Мисирков, кој вели дека во Македонија името „Бугари“ е „фалшива монета“ којашто треба да се разоткрие.
2. Гоце пишувал претежно на тн. „бугарски“ (што всушност е словенско наречје, а не туркски јазик). Тој пишан јазик Гоце го изучувал на училиште – во рамки на „бугар-милетот“. Како што браќата Миладинови, Кузман Шапкарев, Робевци, Васил Априлов, Георги Сава Раковски – пишувале на грчки јазик, како дел од „рум-милетот“. И Русите говореле на француски во 18. век. И Турците-Османлии до 20. век пишувале на една турско-арапска мешавина. И Германците, Хрватите и Унгарците пишувале на латински јазик. Тоа биле ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПИШАНИ ЈАЗИЦИ на образованието и на дворците во одреден период.
Но, писмата на Гоце содржат и многу зборови од македонскиот кукушки дијалект.
Заменката „СИ“ во македонскиот јазик понекогаш игра улога на честичка, т.е. партикула. Таа се користи за да се изрази потценување, омаловажување, за потсмев и подбивна негација, а не за декларација. На пример: „Кој си ти бре? Како не си бил ти?“
Кога се употребува во случаи зад неопределени заменки во служба на партикула, таа означува посилен степен на неопределеност и потценување. На пример: „Дојде некоја си жена“; „Го удрило некое си дете“.
Во тн. бугарски јазик и литература, не постои пример каде што честицата „СИ“ се наоѓа пред глаголот „СУМ“ и неговите изведенки. Постои само „СМЕ СИ“.
Но во македонскиот народен говор – како и во литературниот јазик, постои правилната форма „СМЕ СИ“, но и глаголската инверзија со помош на дативната форма „СИ СМЕ“. Следствено, може да кажеме, на пр.: „ШТО ДА ПРАВИМЕ КОГА СМЕ СИ АМЕРИКАНЦИ“, но исто така, може и подбивно и потценувачки, вкл. и како негација – „СИ СМЕ АМЕРИКАНЦИ“.
Ова е очигледен доказ за сарказмот на Гоце во писмото.
Но, Гоце Делчев не е шовинист. Тој не говори против обичниот Бугарин во Бугарија. Гоце вели дека, во Македонија, наметнатото име „бугари“ е болест. Тој цел свој живот се бори против шовинистичките бугарски посегнувања и наметнувањето на името „бугари“ во Македонија. Тоа е болеста всушност.
3. Нема запис или документ кајшто Гоце лично и своерачно говори за „Бугари“ во Македонија.
Од друга страна, пак, Гоце говори за македонски народ, Македонци, Македонки, македонска култура, македонска држава и престолнина… Против бугарските генерали, против бугарскиот шовинизам и „грандоманија“… Говори и за книги на македонски јазик.
Гоце говорел, се борел и си го дал животот за Македонска Држава, за самостојна и независна Македонија. И зборовите говорат, но и делата на Гоце го докажуваат тоа. —/
Сите реакции:

Oliver Zivkovski, Biljana Antoska Stojanov и 88 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа