Не смеете ни трошка жал да имате за тој психопат. А не уште да го жалите. Значи вежбал пукање и добро се навежбал. За да убива. Да убива невредни за негов вкус. Имал и црн список

Еве ви го примерот со кучиња убијци кога браните, сега по ист терк го бранат детето што уби седум девојчиња и едно машко, негови другарчиња. Не велам истите луѓе, ама логиката е таа.
Не било детето криво. Како она, не е кучето криво што заклало дете!
Па кој е крив? Баба ми?
Зошто да не е криво детето?
Дека е убаво на слика, невино изгледа. Ууууу син на мајка, родителите му се криви, системот е крив….
Не бе!
Копиљот е психопат. Точка. Психопатите немаат рогови.
И децата можат да бидат психопати, да ги извршат најсуровите злостори. Докажано. Отворете ги црните хроники по светов.
Го планирал масакрот. Среќа што се оладил, се напил крв доволно, па не ги употребил молотовите коктели од ранецот, по училниците. Веројатно ќе имаше десетици мртви деца, живи запалени. Опа, значи и молотови коктели знаел да прави! Баш е да го жалите!
Пукал и усмртувал со еден проектил, повеќето жртви. Или првиот проектил бил смртоносен. Па тоа бре профи убиец ко да бил. Двете дежурни ученички ги скинал со еден метак. Од блиску, да, но и тоа не е лесно. Дете е по возраст. Од добро ситуирано семејство ко неговите жртви. Без проблем дошол до пиштолите на татко му. Мислите Цанде со плата од триста евра може да си купи магнум и берета од 9 милиметри? Не му требаат. Ќе гледа леб и грав да купи за семејството.
Да немал пиштоли дома таткото на психопатот, немало ништо да се случи. Можеби. Па сепак другите деца иако од богати семејства, не им текнало да убиваат другарчиња.
Не смеете ни трошка жал да имате за тој психопат. А не уште да го жалите.
Значи вежбал пукање и добро се навежбал. За да убива. Да убива невредни за негов вкус. Имал и црн список. Нарцисоидност до плафон и психопатија. Без грам совест. Нема зошто да го жалите. На девет луѓе им одзел животи и завил во црно над сто луѓе нивни блиски. Пореметен. Станувате како него ако го жалите.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа