БОМБА! БУГАРСКИОТ ЈАЗИК Е ДИЈАЛЕКТ НА СРПСКИОТ И НА РУСКИОТ ЈАЗИК?

Понатаму, во нашата јавност е малку познато, дека пред да биде создаден бугарскиот литературен јазик во 19 век, тогашните ретки бугарски панслависти отпрвин пишувале на јазик што претставувал мешавина помеѓу старословенскиот, рускиот и српскиот јазик. Овој нивни јазик бил тешко разбирлив за ретките Бугари што умееле да читаат, а за денешните и да не зборуваме.
Ова може лесно да се потврди ако се разгледаат тогашните бугарски текстови напишани од крајот на 18. век, па се’ до средината на 19. Век! Така, на пример, во книгата “Кратка историја на бугарскиот народ“ напишана кон самиот крај на 18 век, во оригиналниот текст пишува:
“Болгàрски народ сезаиде дрéвле Чîрнаго мôра и рики Вôôлги сез велñка Скандинáвˆи се звáху са тáмо гимéри и кимéри, сегдà умнô­жиша са…“
Огромните разлики, помеѓу јазикот на кој е напишана оваа книга и денешниот бугарски книжевен јазик, се повеќе од очигледни и тешко дека кој и да било денешен Бугарин би го разбрал овој јазик без превод на современиот бугарски книжевен јазик, иако се работи за текст кој е стар одвај околу 200 години. Секако дека има и други вакви многубројни примери…
Подоцна, по востанието во Србија, во почетокот на 19 век, бугарските преродбеници почнале да ги пишуваат своите дела на српски! На српски пишувал и големиот бугарски поет Љубен Каравелов.
Во четириесеттите, педесеттите, шеесеттите, па дури и во седумдесеттите години на 19. век, Бугарите почнуваат да пишуваат на еден србизиран бугарски јазик, кој денешните Бугари тешко го разбираат. Поради ова, текстовите на тогашните бугарски преродбеници денес во Бугарија се преведуваат на современиот бугарски литературен јазик.
Како илустрација на сето ова ќе ја спомнеме книгата под наслов “Периодически печатÍ преди освобождението“ од В. Пундев (Софија, 1927 година), во која е застапен поголем избор на оригинални бугарски текстови од четириесеттите до шеесеттите години на 19 век. Во повеќето вакви текстови, тогашните бугарски преродбеници се жалат поради погрчувањето на Бугарите и поради немањето свој сопствен бугарски книжевен јазик. Голем дел од овие текстови се напишани на еден мешан бугарско-српски јазик.
Така, на пример, Константин Фотинов од Смирна во 1842 година пишува: „Народ болгарски спава (…) Настави… народа оних, кои поју…“ и слично. Димитар Мутев од Калофер во 1858 година пишува: “Оно показува что и мие сме хватиле да разумеваме, колко еден народ злополучен и удален (удаљен, з.м.) од своето велико предзначение, кога он се лишават од науките…“ И многу други примери. Српски, но и грчки зборови се среќаваат дури и во бугарските преродбенички текстови од седумдесеттите години на 19 век.
Пишувањето на бугарските преродбеници на србизиран јазик не останало незабележано од странската наука. Така, на пример, познатиот чешки славист Јозеф Добровски во своите објавени истражувања за т.н. старословенски јазик, тврдел дека бугарски јазик не постои и дека јазикот на Бугарите претставува дијалект на српскиот.
Дека бугарскиот јазик е дијалект на српскиот тврдел и Шафарик во 1826 година, за што пишува и бугарскиот историчар Шишманов.
Речиси сите бугарски преродбеници од средината на 19. век се жалеле, дека бугарски книжевен јазик не постои и дека треба под итно да се создаде таков! Најдециден во ова е преродбеникот Теохаров, кој во својот труд “Неколку зборови за бугарската литература“ (1860 година) запишал:
“Бугарите не само што немаат современа литература, туку тие се уште немаат направено ни почетни обиди во тој правец… Бугарскиот народ пред триесет години беше уверен дека нема свој сопствен книжевен јазик и дека со бугарскиот јазик не може да се пишуваат научни книги, туку само со грчкиот, како и дека со помош на грчкиот јазик, може да се описмени секој Бугарин“. (“Периодически печат“… цит. дело).
Па, според овие факти, само по себе се поставува прашањето: На каков “бугарски книжевен јазик“ пишувале македонските преродбеници, кога самите Бугари тврделе дека таков книжевен јазик воопшто не постоел, и тоа дури и во втората половина на 19. век? Ако ја прифатиме ноторната вистина, дека првото дело напишано на современиот македонски литературен јазик се појавило во 1903 година, тогаш временската разлика, помеѓу ова дело и првите дела напишани на вистинскиот, несрбизиран бугарски книжевен јазик одвај би изнесувала само нешто повеќе од триесетина години! Значи, наполно се руши хипотезата за наводниот “илјадагодишен карактер“ на бугарскиот книжевен јазик, на кој наводно пишувале нашите преродбеници и од кој наводно нам ни текнало да се делиме во 1945 година. Напротив, самите бугарски преродбеници, дури и во средината на 19. век, тврделе дека тогаш бугарски литературен јазик воопшто немало, па поради тоа тие биле принудени прво да пишуваат на српски, а подоцна и на маглив бугарски јазик, преполн со српски зборови. За ова постојат уште многу примери!
Доказ дека овие бугарски преродбенички текстови се напишани на јазик што денес современите Бугари воопшто не го разбираат, е и фактот дека дури и во овде спомнатото издание (“Периодически печат“ од 1927 година, во кое се објавени овие текстови), како дополнување на секоја страница има бројни фусноти со превод на одредени зборови од тој јазик на современиот литературен бугарски јазик. Поголемиот број на овие зборови се српски и грчки. Ова значи дека и Бугарите од дваесеттите години на овој век со тешкотии ги читале текстовите од своите претци напишани пред само седумдесетина години, штом ги објаснувале и преведувале преку фусноти.
Исто така, некои овдешни бугаромани со потсмев тврдат, дека македонската преродба се сведувала само на неколку книшки напишани на западниот дијалект, но тие немаат поим дека и бугарската преродба во 19 век се сведувала само на седум повремени списанија и неколку весници! Од сите тие списанија ни едно не било печатено во Бугарија, што значи дека тие биле недостапни за пошироките бугарски маси. Се разбира, ова се однесува за периодот пред ослободувањето на Бугарија од страна на Русите. Така, на пример, списанието “Љубословие“ било печатено во Смирна, првиот број во 1842 година. Списанието “Мирозрение“ е печатено во Виена во 1850 година. Списанието “Блгарски книжици“ е печатено во Цариград во 1857 година, а така е и со списанието “Читалиште“ во 1870 година. Списанието “Братски труд“ е печатено во Москва во 1859-1860 година, а “Знание“ во Букурешт во 1875 година. Конечно, “Периодичното списание на Бугарското книжовно друштво“ е печатено во Браила во Романија во 1870-1876 година.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа