(Видео) Неверојатно признание – Грчка лингвистка: Македонскиот јазик во Грција се зборува од VI век

t

За грчката лингвистка Александра Јоаниду постоењето на македонскиот јазик во Грција не само што е непобитен факт, туку за неа јасно е и од кога овој јазик се зборува во северните делови на нашиот јужен сосед и дека е различен од бугарскиот.

„Со сигурност знаеме дека македонскиот јазик постоел уште во VI век. Јазикот припаѓа на истиот јазичен континуум како бугарскиот и словенскиот кој сѐ уште се зборува овде в Грција. Како ќе се нарече тој јазик зависи многу од оној што го зборува“.

Дали има согласност дека постои овој јазик?

„Се разбира, сега и отсекогаш. Оваа работа, дека нешто не постои само затоа што не се именува, е лудост на грчката политика“, вели Јоаниду.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа