До новиот поклоник на ликот и делото на Али Ахмети, Џабир Дерала.
Прво, јас не сум госпоѓа амбасадорка туку професор, доктор по правни науки, Мирјана Најчевска.
Второ, човекот кој го нарекуваш прв човек на министерството за надворешни работи самиот јасно и гласно кажа дека единствен на кој му одговара е Али Ахмети (https://lider.com.mk/…/osmani-za-kadrite-na-dui-moze…/ ). Значи зборуваме за ДУИ, а не за член на Влада бидејќи членовите на владата одговараат пред Владата, Премиерот и Собранието на државата.
Трето, точно е дека тоа го правам тенденциозно, и систематски, како професор и доктор по правни науки кој е згрозен од дезавуирањето на државата кое го правеше ДУИ како партнер на ВМРО-ДПМНЕ и го прави сега како партнер на СДСМ. Меѓутоа не е точно дека е злонамерно. Напротив, го правам со најдобри намери кон граѓаните и државата кои ДУИ систематски и безмилосно ги уништува (меѓу другото и со помош на такви како тебе).
Четврто, тоа што во моите написи гледаш национализам наместо објективна критика е само доказ дека си дебело заразен од синдромот ДУИ.
Петто, никогаш (читај ако не си заборавил НИКОГАШ) не сум дала ниту една националистичка изјава. Ама криминалот спакуван во етно-национализам очигледно е многу лесно сварлив за мојот поранешен пријател – сега најнов поклоник на ликот и делото на Али Ахмети.
Шесто, објавувањето на различни информации без заземање став и без нивно ставање во контекст не е објективност туку е незнаење.
Јас како сопруга на амбасадор немам никаква врска со ДУИ, а како критичар на власта уште помалку (освен што го изложувам мојот сопруг на прогон од страна на кадрите на ДУИ и нивните платеници/поклоници), што не може да се каже за тебе како најнов поклоник на ликот и делото на Али Ахмети.
Седмо, како критичар на сите оние кои биле, се или сакаат да дојдат на власт очигледно не сум пројавила амбиции да станам дел од ниту една владејачка структура, и секако не сум станала слуга на ниту една од нив, за разлика од мојот поранешен пријател најнов поклоник на ликот и делото на Али Ахмети.
Осмо, вулгаризацијата со парите навистина е интригантна. Воопшто не е мал бројот написи што „Цивил“ не ми ги хонорираше. Јас тоа го сместив во категоријата добра соработка и поддршка на медиумот на исправната страна од медаљата. Се’ додека медаљата не се сврте во обратното лице!
Деветто, јас повеќе пати интерно укажував дека бродот „Цивил“ се врти кон токму спротивниот од доскорешниот курс. Излегувањето во јавност со тоа беше, помалку очајнички, обид да се спаси што може да се спаси. Очигледно, ликот и делото на Ахмети се многу посилни.
Десетто, најлесно за мене би било да молчам, да уживам во прекрасната Прага и да ги истерам четири години на амбасадорската плата на сопругот. Ама некои од нас имаат принципи и вредности и ете јас мислам дека треба да се жртвува многу во име на тие вредности и принципи (како што жртвував во време на конфликтот од 2001, во време на авторитарното владеење на ВМРО и ДУИ и како што жртвувам во ова време на авторитарно владеење на СДСМ и ДУИ). И секако не сум вејка на ветрот која лета на крилјата на новооткриената љубов за Али Ахмети како тебе, мој поранешен пријателу Џабир Дерала
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?