МАКЕДОНСКА ПОЛИЦИЈА ГИ ПРАШУВАЛА БУГАРСКИТЕ ШОФЕРИ ДАЛИ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН ЗА ДА ГИ ПУШТИ НА ГРАНИЦА

 

Известувајќи за намаленото преминување на македонската граница од бугарски државјани по настаните околу 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, Бугарското национално радио (БНР) јавува за, наводно, малтретирање на возачите од Бугарија од страна на македонската полиција.

„Бугарите се враќаат при влез во Северна Македонија поради формални барања или за несторени прекршоци и затоа не тргнуваат, велат службеници од ГКПП Ѓуешево.

‘Дефинитивно, впечаток е дека е намален бројот на Бугари натаму. Тие што одеа во петок и во сабота, групите, се намалија, веќе ги нема, и тоа е од настаните наваму. Пред тоа во сабота, недела, поминуваа по шест-седум бугарски автобуси, сега поминуваат или еден-два, или не поминуваат. Нели се пушти глас дека самите полицајци уште од границата ги малтретираат, им бараат некакви прегледи, талони, кои ние веќе не ги издаваме. Се чудат за што да ги вратат и на луѓето очигледно им дојде преку глава. Возачите велат: „Те застанува полицаецот и те прашува: ‘Гоце Делчев е Бугарин или Македонец’“, јави БНР.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа