СДСМ ИЗГЛЕДА НЕМА ВЕЌЕ ДА ПОСТОИ ПОСЛЕ СЛЕДНИ ИЗБОРИ! ВМРО-ДПМНЕ со речиси двојна предност на новата анкета

ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на другите политички партии, покажува анкетата на МКД.мк која на 1.200 испитаници ја спроведе агенцијата Маркет вижн.

 

На прашањето за која партија ќе гласате на наредните избори, 21,8 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, 12,4 % за СДСМ, 8,2 % за ДУИ, за Левица би гласале 4,5 %, за Алијанса за Албанците 3,7 %, за Беса 2,3 отсто… Повеќе од 40 отсто одговориле со „не знам“, „не сакам да откријам“ или „ќе го поништам ливчето“.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е политичарот во кого гласачите имаат најголема доверба. После него се Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Димитар Апасиев и Никола Груевски.

 

Повеќе од половина од граѓаните немаат доверба во ниту еден лидер на политичките партии на македонската политичка сцена.

 

Анкетирањето беше спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа