Голем интерес предизвикува видео објавено на интернет, на кое се запечатени ударите врз позициите на украинската армија во регионот на Авдеевка, пренесуваат светските изданија.

 

Ова се должи на фактот дека ударот со непознато оружје се покажува толку моќен што огнената печурка се издигнува на височина поголема од 150 метри и се споредува со ефектот од користењето нуклеарно оружје, иако е очигледно дека е прашање на конвенционална, но исклучително моќна боева глава.

 

На презентираната видео снимка може да се види моментот на задавањето на силниот удар со непознатото оружје. Од силната детонација настанал огромен столб од оган и чад кој од очигледни причини довел до крајно сериозно уништување.

Со какво оружје е извршен нападот на позициите на украинската војска во Авдеевка, не се прецизира, но очигледно станува збор за тактичко, па дури и стратешко ракетно оружје.

Покрај тоа, не е исклучена верзијата за директен удар на проектил во складиште за муниција, бидејќи експлозијата се покажа како навистина исклучително моќна.