КАТАКЛИЗА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Вака изгледа турско-сириската граница снимена од дрон! Се отвори земјата, пустош насекаде! ВИДЕО
Катастрофалниот земјотрес што ја погоди турско-сириската граница рано наутро во понеделникот, на 6 февруари годинава, остави пустош и уништување не само во градовите, каде што се уште се вадат бетонски остатоци од под купиштата урнатини, туку и во самата природа.
Претходните денови фокусот на медиумите беше исклучиво на спасувањето и катаклизмата во самите градови, а сега се појави и видео од природата на самата турско-сириска граница.
За магнитудата, односно за јачината на земјотресот говори и снимката од самата граница, односно турската страна.
На видеата се гледаат огромни пукнатини во земјата, срушени суви речни корита кои се претворија во кањони, паднати карпи и пукнатини длабоки неколку десетици метри. Таму каде што имаше маслинови градини и зелена трева, сега има само големи долини со купишта камења и срушена земја.