Секој што ќе го негира македонскиот народ, тоа ќе му биде последно доаѓање во Македонија

Министрите за надворешни работи на Бугарија и  Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, го посетија претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков во Вoената медицинска академија.

Мора да го прекинеме овој циклус на насилство и провокации од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда што двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од Софија. Османи рече дека институциите во Северна Македонија ќе го расчистат инцидентот, а бугарската заедница ќе биде почитувана и ќе ги има сите права, слободи и привилегии како секој друг граѓанин и другите заедници што живеат во земјата.

„Нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, исто како што нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Секое доаѓање во РСМ за негирање на македонскиот народ, ќе мора сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во РСМ“- рече Османи

Бугарскиот министер Милков рече дека атмосферата на неказнивост не смее да се толерира. Бугарија инсистира да се откријат и казнат напаѓачите на Пендиков.

„Ние кажуваме НЕ за заживување на овие црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија – на палење, пукање, насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница, кои се луѓе со достоинство. Има ескалација, Христијан е и во моментов продолжува да добива закани на интернет“, изјави шефот на бугарската дипломатија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа