Телма и Алфа денес ќе се обратат до американската амбасада поради нападите од СДСМ и ДУИ

Владата оркестрирано истовремено преку премиерот Ковачевски и неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Ахмети изврши директен напад на нашиот медиум, оспорувајќи го правото на слобода на изразување, но и во време кога Телевизијата поставува прашања за кои јавноста мора да добие одговор, објави телевизијата Телма по нападот од лидерите на ДУИ и СДСМ.

Обвинувањата меѓу редови од премиерот Ковачевски Телма ги споредува со владините наместени тендери каде се даваат сите параметри за фирмите кои треба да ги добијат освен нивното име.

,,Телевизија Телма секојдевно информира за теми и настани кои се од големо значење не само за демократијата во државата, туку, пред сѐ, за борбата против корупцијата и криминалот, и поставување на европски стандарди во владеењето на правото.

Телма е непристрасен медиум со независна уредувачка политика, во која работат новинари со високи професионални стандарди, а сите објавени информации од страна на телевизијата се во интерес на јавноста. Информациите се темелат на факти и докази кои се проверливи, а за кои имаме поставувано и прашања, и барања до Владата за објавување и објаснување на истите, а за кои до денеска не сме добиле одговор.

Телевизија Телма нема намера да го негира правото на лични впечатоци и перцепции ниту на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту на премиерот Димитар Ковачевски. Но, бидејќи Ахмети директно не прозва како Телевизија, а со тоа ја загрози и безбедноста на нашите новинари, а премиерот Ковачевски наместо да го осуди коалициониот партнер, првин избегна да нѐ именува, но даде прецизен опис како во тендерите на некои негови владини институции, каде условите се така опишани што недостасува уште името на компанијата што ќе добие.

И на двајцата би им порачале: Жално е што од позиција на власт го воскреснувате тоа што не требаше да се повтори, етикетирање на медиуми и создавање и загрозување на слободата на изразување на медиумите”, стои во реакцијата на Телма.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа