РУСКА КОМОРА ЗА МАЧЕЊЕ Морничави сцени во ослободен украински град: Наводно е пронајдена кофа полна со златни заби на местото каде што луѓето биле живи закопани (ВИДЕО)
Грозоморното откритие е направено во градот Писки Радковски на северот од земјата, на околу 25 километри источно од Изум .
Сликите покажуваат пластична кутија полна со златни заби и протези за кои украинските власти велат дека биле извадени од жртвите. На друга слика се гледа гас-маска која била наполнета со запалена крпа за жртвата да го вдишува чадот, додека мештаните велат дека некои жртви биле закопани живи, пишува „Дејли мејл“.
Весникот додава дека ова е само најнов пример на руско мачење и егзекуција на украински цивили во окупираните делови на земјата, по откривањето на масовните гробници во Буча, Ирпин и Изум.