Ќе ги повика ли СДСМ ВМРО И ДУИ новата амбасадорка на САД во Македонија за да им каже во лице дека го ограбуваат 20 години народот?
Хајредини до новата амбасадорка на САД: Подобро е да се вратите назад, ако не можете на некои наши политичари кои 20 години се на власт, в лице да им кажете дека крадат од својот народ
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини и порача на новата американска амбасадорка Анџела Агелер дека е подобро да си се врати дома ако не е подготвена в лице да им каже на политичарите од ДУИ дека крадат од својот народ.
„САД ќе се обидат да нè спасат од корумпираните политичари.
П.с.
За граѓаните на Македонија, г. Анџела Агелер, подобро е да се вратите назад, ако не можете на некои наши политичари, кои со платени гласачи од државниот буџет, 20 години се на власт, в лице да им кажете дека крадат од својот народ, како што се наведува во извршната наредба на Претседателот Бајден и кажа Метју Палмер
Доста веќе, исто како ЕУ, само вербално да ја поздравувате и да ја поддржувате “борбата” против корупцијата во нашата земја.“, вели Хајредини.