„СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ МРТВИ НАСКОРО“ Морничав разговор на руски војник кој го запрепасти светот – ги откри плановите на Путин? (ВИДЕО)

Човекот вели дека се опколени

Руски војник, кој наводно се нашол опкружен од украинските сили, ја повикал сопругата да се поздрави со неа додека украинската контраофанзива продолжува во областа Лиман.

– Како си? – го праша жената на почетокот на разговорот.

– Добро, добро сум. Фала богу што те разбрав – беше одговорот задишан на снимката од прислушуваниот разговор што во саботата на „Твитер“ ја сподели корисникот Dmitri@wartranslated .

– Зошто толку остануваш без здив?

– Опколени сме Љубе. Наскоро ќе умреме.

– Ни рекоа да останеме таму. Дали имате наредба да останете таму до смрт?

– Љубов, само ти се јавив да се поздравиме.

Тогаш се слушна како лелека жена, пренесува Блиц.

– Не не не! – извика таа.

– Никој, слушна ли? Никому ништо не кажувај. Овде е за***** – извика војникот.

– Остана ли некој од вас таму? – праша жената со нешто помирен тон.

– Од мојата група, од мојата извидничка група, останатите… зошто го кажав тоа?!

Следуваше неразбирлив дел, по што војникот рече дека „едвај успеал“ во нешто.

– Едвај успеавте што? – го праша жената.

– Едвај успеав. Дозволете ми да разговарам со вас две-три минути. Повеќе не ми е грижа за (безбедноста) на комуникациите. Не ми е гајле дали ќе ја пресретнат… – рече војникот со очаен глас додека жената продолжи да плаче „не“.

– Дури и ако (проектил или граната) падне овде! – продолжи војникот, по што снимањето е прекинато.

Пресретнати комуникации

Не се знае кога и каде е направена горната снимка од разговорот меѓу војникот и неговата сопруга. Но, беше објавено по веста дека група руски војници е опколена кај Лиман.

Неодамна „Њујорк тајмс“ објави снимки од комуникации на руски војници пресретнати од украинските сили. Тие ја откриваат состојбата на руските војници додека се обидувале набрзина да го заземат Киев.

– Путин е будала. Тој сака да го земе Киев. Но, нема шанси да го направиме тоа – наводно рекол руски војник во еден од телефонските повици од фронтот пресретнати од Украина.

Порталот Телеграф.рс не можеше да поверува во овие изјави, бидејќи нема официјални податоци за снимката која е објавена на социјалните мрежи.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа