Протече документ од Брисел: „Веднаш да се прекинат пристапните преговори со Србија“

87

Европскиот парламент ќе побара од Европската Унија да ги прекине пристапните преговори со Србија додека Белград не ѝ воведе санкции на Русија. Тоа е наведено во нацрт извештајот за новата стратегија на ЕУ во процесот на проширувањето, во кој имале увид Радио слободна Европа.

„Да се даде приоритет на усогласувањето на земјите пристапнички со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да се продолжат пристапните преговори со Србија само ако земјата се усогласи со санкциите на ЕУ против Русија“, се истакнува во нацрт извештајот.

Околу овој документ пратениците на Европскиот парламент ќе расправаат на надворешнополитичкиот одбор на 13 октомври, а конечната верзија на нацртот ќе добие форма на резолуција на Европскиот парламент. Гласањето за резолуцијата се очекува во ноември, пишува РСЕ.

Резолуциите на ЕП не се правно обврзувачки за земјите членки ниту останатите институции на ЕУ.

Од почетокот на војната во Украина, Европската Унија редовно бара од Србија да ѝ воведе санкции на Русија по примерот на Брисел.

Од земјите кандидати за ЕУ се очекува прогресивно да ги усогласуваат надворешните политики со политиката на Европската Унија, вклучувајќи ги и санкциите. Србија е единствената држава од регионот која не ѝ воведе санкции на Русија.

Србија од 2014 година преговара за членство во ЕУ. Владеењето на правото како и статусот на Косово се сметаат за клучни елементи кои го одредуваат напредокот на пристапниот процес. Меѓутоа, од почетокот на војната во Украина во февруари и односите со Русија стануваат важни за одлуката за отворање на нови поглавја.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа