>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го обвини Западот за „русофобија без преседан“, пренесе Франс прес, цитиран од БТА.

„Официјалната русофобија на Запад е без преседан и нејзините размери гротескни“, рече Лавров во својот говор на 77-та годишна сесија на Генералното собрание на ОН. Тој тврди дека западните сили „не се двоумат да ја објават својата намера не само да нанесат воен пораз на (Русија), туку и да ја уништат (неа).

>

Лавров ја исмејуваше осудата на Западот на таканаречените референдуми за приклучување кон Русија одржани во украинските региони под руска контрола и особено ги критикуваше САД.

 

>

„Со тоа што се прогласи за победник во Студената војна, Вашингтон речиси се издигна во Божји гласник на Земјата, без никакви обврски, но со свето право да дејствува неказнето секаде и кога било“, рече рускиот министер за надворешни работи. Тој ги обвини САД дека се обидуваат да го претворат целиот свет во свој „двор“.

Лавров ги бранеше „референдумите“ на украинските територии окупирани од Русија, велејќи дека локалните жители ја добиваат „земјата каде што нивните предци живееле стотици години“.

>

Денеска се одлучува за иднината на светот“, изјави рускиот министер за надворешни работи, цитиран од Асошиејтед прес.

Лавров истакна дека големото прашање е дали ќе има „еден хегемон на чело“, мислејќи на САД. САД и нивните сојузници, а не Русија, како што тврди Западот, агресивно го поткопуваат меѓународниот систем претставен од ОН, увери тој.

>