Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се закани на Италија со последици доколку отстапи од демократските принципи, пренесоа светските агенции, пренесува БТА.

Тоа се сметаше за откриена закана за партиите во десничарскиот конзервативен изборен блок што се очекува да победат на италијанските избори во недела.

Говорејќи на Универзитетот Принстон, Фон Дер Лејен рече дека доколку некоја демократска влада изрази желба да работи со ЕК, двете страни ќе работат заедно. „Но, ако работите тргнат во тешка насока, имаме средства за дејствување“, се закани таа и потсети на случаите со Полска и Унгарија.

 

Десницата во Италија ги прочита зборовите на Фон дер Лајен како закана и и вети дека нејзините европратеници ќе воведат гласање за недоверба против неа.

Што е ова, дали е закана?“, одговори лидерот на партијата „Лига“ Матео Салвини на социјалната мрежа. „Почитување на слободниот, демократски и суверен глас на италијанскиот народ“, додаде тој.

„Тоа беше гнасна закана. Несакан упад. Оваа дама ги претставува сите Европејци, нејзината плата ја плаќаме сите ние и тоа беше одвратна и арогантна закана“, рече Салвини.

Тој рече дека европратениците од неговата партија во Европскиот парламент ќе поднесат предлог за недоверба на Фон дер Лајен.

„Во недела гласаат Италијанците, а не бирократите од Брисел, ако јас бев претседател на Европската комисија ќе бев повеќе загрижен за сметките за енергија“, рече Салвини.

Зборувајќи за Италија и спомнувајќи ги Унгарија и Полска, Фон Дер Лајен очигледно мислеше на препораката на комисијата на ЕК да ја прекине исплатата на Унгарија од 7,5 милијарди евра од европските фондови за закрепнување на економијата по пандемијата. ЕК го препорача ова поради недоволните напори на Унгарија во борбата против корупцијата.

ЕК воведе слични финансиски санкции пред две години како одговор на, како што рече, поткопување на демократијата во Полска и Унгарија.

Изгледите за италијанска влада предводена од Џорџија Мелони го загрижува Брисел, особено поради чувствителното прашање на санкциите против Москва, но дипломатите и експертите не гледаат како Рим би ризикувал да ја одбие огромната помош ветена од ЕУ.