Според него, се очекуваат дополнителни компликации во односите меѓу Западот и Русија, како и меѓу Западот и Кина
Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ РТС изјави дека светот е на работ на конфликт од размери што не се видени од Втората светска војна.
„Претпоставувам дека преминуваме од фаза на специјална воена операција кон голем воен конфликт.
„Прашањето е каде се границите и дали по некое време, можеби за месец или два, нема да влеземе во голем глобален конфликт, каков што немало од Втората светска војна“, вели српскиот лидер.
Вучиќ додаде дека, според него, светот е пред дополнителни компликации во односите меѓу Западот и Русија, како и меѓу Западот и Кина.