Во украинските продавници се појави играчка која претставува импровизирани останки на руски војници.

Видеото снимено од жена која ги открила „човечките останки“ на штандот на продавницата објави заменик-министерот за информации на ДПР Даниил Безсонов на својот канал Телеграм, објавија светските медиуми.

„Украинските продавници продаваат играчки во вид на импровизирани коски на руската војска“, напиша Безсонов под видеото, додавајќи дека „украинизмот е неизлечива болест“.

„Погледнете што најдов. „Орки“ (како што украинската пропаганда ги нарекува Русите), во проѕирно пакување. Нов производ“, вели женскиот глас на видеото.

На снимката се гледаат човечки коски и череп наредени во проѕирно пакување. На украинските момчиња и девојчиња им се нуди да си играат со играчки кои можат да го шокираат секој нормален човек.