Започнува економскиот колапс во Македонија? Прекинува со работа еден од најголемите индустриски капацитети во Македонија

>

Дали започнува економскиот колапс во Македонија? Ова е логично прашање кое следува откако еден од најголемите индустриски капацитети во Македонија Еуроникел индустри ДОО Кавадарци става клуч на своите производствени погони, објави Инфомакс.

Еуроникел е трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги кое има децениска историја на успешна работа и со години е помеѓу 200-те најуспешни компании во државата.

>

Според Инфомакс, годинава поради економската, но и енергетската криза, компанијата е принудена да прекине со работа и да ги испрати сите вработени на принуден одмор.

Во соопштението испратено до вработените се вели дека лошата енергетска состојба кулминирала во претходните неколку месеци при што електричната енергија која е еден од најважните фактори во производствениот процес во фабриката

>

се купувала по цена од 600, 700 па и до 1000 евра за мегават час што придонело раководството на компанијата да бара нови решенија.

Иако во изминатите два месеци се спровел ремонт на целокупната опрема и немало производство со надеж дека ќе се подобри состојбата со цената на струјата овој септември, ситуацијата доополнително се влошила.

>

Од раководството на компанијата се приморани да ги испратат сите вработени на платен принуден одмор кој ќе се имплементира во пракса веќе од наредната недела.

Приватните компании електричната енергија ја набавуваат на слободниот пазар за разлика од граѓаните кои цената на струјата која ја плаќаат е субвенционирана.

>

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Инфомакс

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа