Рускиот претседател Владимир Путин видно куцал и бил нервозен за време на инспекција на воена вежба на Далечниот исток, пренесува UNIAN.

Владимир Путин лично присуствуваше на воените маневри на полигонот Серегеевски на Далечниот Исток, каде армијата на Руската Федерација изведува заеднички вежби „Восток-2022“ со вооружените сили на Белорусија, Сирија, Индија и Кина. Над 50.000 војници учествуваат во маневрите кои започнаа на 1 септември и ќе продолжат до четврток.

На снимката објавена од руското Министерство за одбрана се гледа како Путин влегува во командната соба на началникот на руското Министерство за одбрана Сергеј Шојгу, наведнат и потпрен на левата нога. Светските медиуми обрнуваат внимание и на неговата десна рака која стои неприродно блиску до телото.

Путин носи голема топла јакна, многу поголема од неговата големина. Шефот на Кремљ куца кон масата и го зема двогледот.

Се одвива краток разговор меѓу Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, Шојгу и Путин.