Шефот на руската држава поради презафатениот распоред нема да може да присуствува на погребот
Рускиот претседател Владимир Путин ја посети Централната клиничка болница во Москва за да се прости од првиот и последниот лидер на СССР, Михаил Горбачов.
Како што објави БЛИЦ , таткото на Перестројка почина по долго боледување на 30 август на 91-годишна возраст.
Шефот на руската држава поради презафатениот распоред нема да може да присуствува на погребот кој ќе се одржи во сабота на 3 септември.
Путин денеска пристигна во болница со букет рози во раката. Тој ги положи цвеќињата до ковчегот, застана малку пред него, се сврте кон фотографијата на Горбачов и се поклони. Потоа со раката го допре ковчегот и се прекрсти.
Последен пат Владимир Путин го прими поранешниот советски лидер во Ново Огарево во март 2006 година, еден ден по 75-тиот роденден на политичарот.