Никола Димитров револтиран, распали со жестоки критики кон сијамските близнаци СДСМ и ДУИ: Како не донесовте до ова дереџе!?

>

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров упати критика до образовниот систем во земјава, на првиот училишен ден.

Први септември, свечен ден за сите ученици, посебно за првачињата. Почнуваат нова прекрасна и важна фаза во животот.

>

Пред некој ден еден другар кој има првоодделенче, ми раскажа дека фаќале врски за детето да биде во “класот со учителката која била квалитетна и си ја знаела работата.”Повеќето биле во образовниот систем “поради партиската поддршка.”

Го раскажувам истово на друг познаник, кој веднаш го отвори телефонот за да ми покаже пораки за истата работа – младиот татко барал чаре за синчето да се падне во тоа и тоа одделение, бидејќи таму имало добра и многу способна учителка.

>

Како успеавме, за три децении самостојна држава, да стигнеме до ова дереџе? Па на Писа тестовите за квалитет на образованието (читање, математика и научна писменост) да бидеме речиси на европското дно?

Веројатно има многу фактори, но една работа посебно ми боде очи. Партизација на училишта, учители и наставници вработени преку партиски списоци.

>

Да знаете дека најголемиот проблем на Македонија денес е клиентелизмот – бидејќи го еродира и распаѓа целиот систем.

Патот напред е да пресликаме успешни модели од Естонија или Финска, Словенија … а партиите да ги тргнеме далеку од кадровски решенија по школи.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа