>

ЕУ ќе и обезбеди на Украина 5,5 милиони таблети јод, објави Европската комисија на Твитер. „Сите непријателства околу нуклеарната централа Запорожје мора веднаш да се прекинат. На барање на Украина, преку #EUcivpro мобилизиравме 5,5 милиони таблети јод за здравјето на луѓето што живеат околу централата.“

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во понеделникот на Твитер објави дека  е на пат кон украинската АЕЦ Запорожје , објави Франс прес. Во последната недела, централата беше гранатирана и тоа ги зголеми стравувањата дека може да се случи голема нуклеарна катастрофа. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на централата.

>

Тимот на МААЕ се очекува денеска да пристигне во Украина.