РУСКИ СЛУЖБИ ПРЕДВИДУВААТ: МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАГУБИ ЗАПАДНИОТ ДЕЛ?

Академикот Мехмети ги цитира руските служби: ‘Што имаат предвидено тајните руски служби за Македонија?’ Група руски експерти пред неколку подготвиле нова верзија на политичката карта на Европа, со нови промени на границите, кои треба да се случат до 2035 година. Промени ќе и се случат и на Македонија.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во статијата без означен автор со наслов „Македонија ќе го загуби западниот дел, а Србија ќе ја загуби Војводина“. Во статијата не се прецизира за кој „академик Мехмети“ станува збор, дали е тој автор на таа статија. Инаку, на интернет може да се најдат низа колумни и текстови, чиј автор е извесен д-р Абдула Мехмети, професор и педагог на државниот Универзитет во Тетово, наведуван и во својство како „претседател за с.Македонија на Американската Академија на науки и уметности“, пренесува Експрес.

Натаму, во статијата објавена на интернет-порталот на ИНА пишува: „Се мисли дека советници на оваа група руски експерти им биле и Збигнев Бжежински, некогашен советник на американскиот претседател Џими Картер, и писателот со светска слава Семјуел Хантингтон . Овие експерти имале користено извори од ЦИА и руската воена контраразузнавачка служба ГРУ. Според овие експерти, Балканот го очекуваат големи промени во идните години: дел од тие промени ќе и се случат и на Македонија, која ќе го загуби својот западен дел во корист на Етничка Албанија, која е во фаза на создавање.“

„Иако овие предвидувања и новата политичка карта на Европа, објавена пред неколку години, не претставуваат некаква новост или тајна, на експертите за национална безбедност и на политичките лидери треба да им е јасно дека нешто големо се подготвува за Европа и посебно за регионот на Балканот.“

„Но, не треба да не чуди, ако руските служби го подготвуваат спротивното од она што го објавуваат, имајќи ги предвид стратегијата и тактиките на големите разузнавачки служби, од рускиот формат, кои и по реализирањето на нивните проекти од посебен интерес го докажуваат спротивното од она кон што се стремат и што го реализираат!“

Инаку, во своја статија со наслов „Република Македонија и албанските етнички простори“, објавена од косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ на 30.декември 2016 година, Абдула Мехмети го загатна прашањето на „државотворноста на автохтониот албански народ на своите етнички простори во Република Македонија, пишувајќи, покрај другото: „Природното право на албанскиот народ да биде конститутивен елемент (државотворен) во Република Македонија се заснова, врз етничкото и историското право, автохтоноста како народ и врз бројот на населението.“

„Букурешкиот договор од 1913 година и поделбата на географската територија со име Македонија го затворија македонското прашање на Балканот. Албанските етнички простори го сочинуваат најголемиот дел од територијата на која е формирана денешна Република Македонија.“

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа