СДСМ лом направи во АЕК! Го дупчи како што сака сопственото члество! Сопруги снаи јатрви роднии кучиња мачиња се од по дома испонапикаа високи функционери
Сопругата на министерот за надворешни Бујар Османи, Валбона Хаџи Османи е вработена во АЕК како советник за меѓународна соработка, потврдуваат од АЕК за Радио Слободна Европа.
Министерот Османи за Радио Слободна Европа вели дека неговата сопруга е вработена во АЕК пред четири години. Османи во јуни 2017 година е назначен како Заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања. неговата сопруга е вработена во февруари 2018 година. Директор на АЕК е негов сопартиец, Јетон Акику.
Покрај неа на списокот се и сопругите на поранешните генерални секретари на минатата влада Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.
Меѓу нововработените е и Ѓоко Бухов, син на директорката на Државниот здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова, како помлад соработник за човечки ресурси.
Таа за РСЕ одговори дека нејзиниот син е вработен во АЕК во минатата година, откако конкурирал на оглас, објави РСЕ под наслов „АЕК како Елдорадо за роднини и функционери“
Меѓу претходно вработените е Бојана Стефановска, ќерка на Елена Гошева која беше претседателка на Уставниот суд во периодот од 2013 до 2016 година, за чие вработување имаше отворен предмет во Антикорупциската комисија во 2019 година, но го затвори затоа што нејзината мајка повеќе не е на функција, пишува РСЕ.