Погледнете што правеле поради страв од ДУИ? Спасовски е под истрага дека 93 дена чувал во фиока барање за забрана на техничка станица, а Русковска чекала 272 дена да почне распит за случајот
Богдан Илиевски Бетмен, прашува зошто обвинителката Вилма Русковска чекала дури 272 дена од несреќата за да почне со распит на луѓе, меѓу кои и Оливер Спасовски во врска со станицата за технички преглед на Беса Транс.
„По цели 93 дена откако од оперативци на БЈБ Спасовски добива аргументирано барање за забрана на станицата за технички преглед и го чува во фиока, се случува несреќата во која гинат 46 луѓе.“
Во текстот уште стои дека ВиРус планирала (еве баш сега) на 22 август да започнела со распит на луѓе, меѓу кои и на Спасовски бидејќи 93 дена не постапувал по барањето за затворање на станицата за технички преглед.
Брза математика: Од 23 ноември 2021 (денот на несреќата) до 22 август 2022 има 272 дена. Скоро три пати подолг период од непостапувањето на Спасовски
Чисто онака, да не се заборават едни вируси поради други вируси, пишува Илиевски.