Неџат е нервозен и не му е јасно: Како е возможно СДСМ да ја нарекуваат “предавничка”, кога во 2017 година беше масовно изгласана од сите?
На аналитичарот Ненад Јовановиќ, кој важи за еден од најголемите фанови на Заев и СДСМ, нешто не му е јасно:
„Една работа не сфаќам: како е возможно СДСМ да ја нарекуваат “предавничка”, кога во 2017 година беше масовно изгласана од сите?
СДСМ и после пет години е легитимна, државотворна и ги претставува и штити граѓаните. Ги претставува и штити, а не ги владее. Клучна разлика.
А приказните измеѓу патриоти и предавници се поразени. Овде има само една поделба: европејци и реакционерни. Сите други поделби за “дискредитирање” се бесмислени.“, пишува Јовановиќ на фејсбук.