Куновска жестоко до Хелсиншки: Колку пати е понижуван македонецот и колку пати на тоа сте реагирале?

Мене ли ми калемите дека ширам омраза, кажувајќи го тоа што вие премолчувате да го кажете, со зачепени усти? Напаѓајќи ме мене, вие само ги силите сејачите на омразата, поделбата, криминалот… против сѐ што јас се бунтувам и го изнесувам пред јавноста.

>

 

Хелсиншки комитет? И тоа за човекови права? Зар вие сѐ уште постоите? Ви се извинувам што со моето писание ве разбудив од длабокиот сон…

>

Ако ве разбудив или некој ве подбуцна да се огласите, ако сте управувани и зависни од истите оние Македонци – властодршци кои ги уништија човековите права на сопствениот македонски народ, кој како сирак остана незаштитен и од вас, и од како вас – бројните невладини организации залепени до власта, засрамете се!

Мене ли ме најдовте да бидам ваша „жртвена коза“ и со мене да го покриете и оправдате вашето лежилебарство?

>

Кај сте до сега да реагирате на неброените колумни, изјави, закани, урлања… пишувани од кој стигнал, од кои блика омраза и нетрпеливост спрема Македонецот, македонскиот јазик?

Или за обезличувањето и гнасното игнорирање на Македонецот, на кого во неговата сопствена држава му е одземено човековото правото за самоопределување?

>

Мене ли ми калемите дека ширам омраза, кажувајќи го тоа што вие премолчувате да го кажете, со зачепени усти?

Јас реагирам… Како човек реагирам – наместо вас, платените за тоа!

>

Сега, кога ја отворивте темата за моето однесување и писание во колумната „Што ги чека Албанците?“ објавена во интернет-порталот Плусинфо на ден 21.08.2022 г., да ви кажам:

Веднаш да турите клуч на вашата голема фирма, за да го заштитите од брука големото име кое недостоинствено го носите! Напаѓајќи ме мене, вие само ги силите сејачите на омразата, поделбата, криминалот… против сѐ што јас се бунтувам и го изнесувам пред јавноста.

>

Мојот навод во колумната е само парафразирање и критика, меѓу другото и на дел од текстот на колумнистот (чие име нема да го споменам), објавена на ден 04.08.2022 г., на интернет-порталот на албански јазик „Шења“, а преземен на повеќе портали на македонски јазик, под наслов: „Народ што питачи за распаѓање“, каде е наведено дека:

„…Македонија е проколната земја… Сега и по 32 години таа изгледа како дете родено со физички и психички недостатоци. Македонија дефинитивно не го оправдува своето постоење…“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа