Ердоган ги подбра САД Британија и Франција: “Не сакате крај на војната во Украина, намерно ги саботираат мирот и договорите“

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека меѓу земјите на Западот и НАТО има и такви кои не сакаат да заврши конфликтот во Украина.

Чавушоглу рече дека не сака да каже за кои земји станува збор, но дека тоа добро го знае генералниот секретар на ОН.

– Има земји на Запад кои сакаат војната да продолжи, вклучително и земјите членки на НАТО. Не мислам само за САД, туку и за земјите членки на НАТО – изјави Чавушоглу во интервјуто за ТВ каналот Хабер Глобал, а пренесува агенцијата ТАС С.

Според шефот на турската дипломатија, имало земји кои сакале да го саботираат договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, но тоа не биле Соединетите Американски Држави.

– САД придонесоа за склучување на договорот за жито, вклучително и укинување на ограничувањата за извоз на руско ѓубриво, деблокирање на пристаништата и укинување на ограничувањата за банкарското работење – рече Чавушоглу.

Како што рече, сепак имало и европски земји кои сакаат тоа да го саботираат.

– Не губиме надеж и продолжуваме со нашите напори – рече турскиот министер за надворешни работи.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа