Национален интерес: Без разлика како ќе заврши војната во Украина, САД се поразени како никогаш досега
САД ќе пропаднат, без оглед на исходот од украинската криза. Такво мислење изрази западниот аналитичар Рамон Маркс.
Денеска вниманието на целиот свет е насочено кон украинската криза и се верува дека од нејзиниот исход ќе зависи иднината на светскиот поредок. Според Рамон Маркс, за САД е апсолутно неважно кој ќе победи во Украина, бидејќи земјата во секој случај ќе претрпи стратешки пораз. Ова го пренесува The National Interest.
Не е важно кој ќе победи во Украина – Америка веќе загуби“, смета авторот на американското издание.
Авторот на НИ изјави дека, што и да се случи, Русија ќе продолжи да гради поблиски односи со Кина и другите источни земји, вклучувајќи ги Индија, Иран, Саудиска Арабија, а исто така ќе развива соработка со земјите од Персискиот Залив. Русија засекогаш ќе им сврти грб на САД и на нивните европски сојузници.
„Исто како што претседателите Ричард Никсон и Хенри Кисинџер играа на картата на Кина за изолирање на Советскиот Сојуз за време на Студената војна, претседателите Владимир Путин и Кси Џинпинг ќе ги играат своите карти во обид да го ограничат глобалното лидерство на САД“, забележа аналитичарот.
Знаејќи дека Европа повеќе не може да остане главен потрошувач на енергија, Москва сосема логично почна да ја зголемува продажбата на своите фосилни горива во азиските земји.
Русија стана главен снабдувач на нафта на Кина, заменувајќи ја Саудиска Арабија во оваа ниша. Во наредните години, Кина и Руската Федерација ќе инвестираат многу во проширување на транспортните патишта на нафта и гас меѓу двете земји, што ќе и овозможи на Русија да стане главен снабдувач на Кина со фосилни горива.
Кина ќе може да ја намали зависноста од снабдувањето со фосилни горива од Блискиот Исток, кои минуваат низ ранливите морски точки како што е теснецот Малака.
Со Русија како доверлив снабдувач на енергија во својот двор, Кина ќе има поголема стратешка флексибилност во справувањето со САД и нивните сојузници во индо-пацифичкиот регион. Сето ова ветува сериозни проблеми за западните земји.
„Русија, исто така, во голема мера ги прошири своите енергетски договори со Индија. Зголемената продажба на руски фосилни горива во оваа земја ќе им наштети на напорите на САД, Австралија и Јапонија да се приближат до Делхи“, додаде Рамон Маркс.