Еве зошто ја суспендирале Русковска! Планирала да уапси министер од СДСМ за мега криминална зделка?

Извори во Јавното обвинителство кои го знаат предметот за порталот Експрес.мк тврдат дека се завршени сите потребни предистражни постапки за случајот во кој е инволвиран министерот и прибавени се сите неопходни докази за прекршување на законот.

Пред да биде суспендирана од позицијата шефица на одделот за гонење организиран криминал во јавното обвинителство Вилма Русковска планирала да апси моќен министер во владата на СДСМ и ДУИ, пишува порталот Експрес.

Извори во Јавното обвинителство кои го знаат предметот тврдат дека се завршени сите потребни предистражни постапки за случајот во кој е инволвиран министерот и прибавени се сите неопходни докази за прекршување на законот.

Планот, според изворите во ЈО, бил Русковска да го уапси министерот и тој да оди во притвор со цел да не влијае на сведоци, да не може да го повтори делото и да не може да избега во странство.

Изворите на expres.mk тврдат дека министерот може да се спаси привремено од прогон но дека делото кое го сторил не застарува брзо и тој еден ден сигурно ќе се најде на листата на ЈО како осомничен, зашто документите кои се клучни докази против него не можат да се скријат или уништат.

Обвинителката Русковска пред три дена најави дека идната недела планирала да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед“ во кој се вршела регистрација на автобусите на „Беса транс“, но не откри детали за апсење.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа