Дали Заев вршел притисок да биде суспендирана Русковска затоа што требало да се отвори голем предмет во кој биле замешани заедно со ДУИ?

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета.

„Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа