ФИРМАТА ЗАТВОРЕНА, КАНАБИСОТ „НА СЛОБОДА“ Запленета марихуана од битолска фирма, дали е поврзана со Заеви?

Според сајтот на владата, од работата на оваа седница на владата, на која се одземени лиценци на двете фирми, бил изземен тогашниот премиер Зоран Заев врз основа на одредбите од член 73 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Тоа укажува на капитално поврзување или на лична поврзаност на поранешниот премиер со некоја од овие компании или со двете.

МВР инфомираше дека спровелo акција во Битола во фабрика за марихуана на која лани и била одземена лиценцата за работа, но сепак продолжила да работи. За време на вчерашната акција во фирмата била пронајдени 250 килограми марихуана во вредност од 800 илјади евра.

– По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.05.2021 за одземање дозвола за одгледување канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите се затекнати две женски лица во момент на обработка и пакување сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина сув цвет од канабис – информира МВР.

Според телевизија Телма, станува збор за објект на компанијата Медицал 420 од Битола, од која потекнуваше дел од товарот на марихуана кој лани во април беше откриен на Плетвар, а во транспортот учествуваше и началникот на прилепската полиција. Во таа акција помагаше и американската агенција ДЕА. Иако на фирмата ѝ беше одземена лиценцата за производство на канабис во медицински цели,  таа продолжила да ја произведува и да ја пласира на нарко-пазарот. Иако фирмата „Медицал 420“ ДОО Битола е во стечај и нема лиценца, на 11 јули е регистрирана фирма со иста дејност (канабис за медицински цели) и со многу слично име („Медицал 420“ УСА ллц дооел Битола).

Не е познато дали запленетата дрога е од оваа фирма. МВР потврди дека дрогата вредна околу 800 илјади евра потекнува од затворена фабрика за канабис со одземена лиценца, но такви во Битола беа две. На седница на владата, во мај лани, одземени беа лиценците на фирмите Медицал 420 и на „Пхарма-Битола“, за недозволено произведување канабис за продажба.

Според сајтот на владата, од работата на оваа седница на владата бил изземен тогашниот премиер Зоран Заев врз основа на одредбите од член 73 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Тоа укажува на капитално поврзување или на лична поврзаност на поранешниот премиер со некоја од овие две компании или со двете. Членот 73 од Законот за спречување на корупција предвидува „Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.“

Ова не е прв случај да има злоупотреба со марихуана произведена за медицински цели. Во една прилика дури беше украден камион натоварен со марихуана во гевгелискиот регион, кој подоцна беше откриен во близина на границата со Косово, но без најголем дел од товарот.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа