Вандализиран дигитален споменик на поетот Григор Перличев во Охрид 48 часа по неговото отворање. Од него се отстранети 27 букви и македонското знаме, јави агенцијата МИА, додавајќи дека полицијата во координација со обвинителството трага по вандалите.

Авторот на споменикот, професор д-р Анис Сефиданис, на својот Фејсбук профил ја објави манифестацијата: „Вечерва, 11 август, по неполни 48 часа промоција, Дигиталниот споменик на Виртуелниот Перличев, на кој работев со години со мојот тим. а со поддршка на општина Охрид е вандализиран и сега е нефункционален.Непознати лица го прекинале напојувањето, го симнале македонското знаме и ги искинале натписите.Тие се обиделе да ги отворат и металните врати за да дојдат до главниот компјутер , но поради тврдиот материјал и безбедносните брави, успеа само да ги искриви“.

Дигиталниот споменик на Григор Перличев, кој ги спојува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите, беше претставен пред два дена во Охрид, пренесе МИА.