УКРАИНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ГИ ИСМЕВА РАСПЛАЧЕНИТЕ ТУРИСТИ: Го избравте Крим, голема грешка – кремата за сончање не штити (ВИДЕО)

Украинското Министерство за одбрана објави сатирично видео поврзано со експлозијата во руската база Саки на Крим.
>

Видеото е посветено на туристите кои летуваат на Крим.

– Освен ако не сакаат непријатно топол летен одмор, ги советуваме нашите ценети руски гости да не го посетуваат украинскиот Крим. Бидејќи никакво количество крема за сончање нема да ги заштити од опасните ефекти на пушењето во забранети подрачја – напишаа Украинците на Твитер со видеото, надоврзувајќи се на изјавата на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников кој рече дека „мисли дека руските војници во оваа воздушна база прекршиле неговото многу едноставно добро познато правило: „не пуши на опасни места“.

>

– Имавте неколку опции за одмор годинава – стои на видеото на украинското Министерство за одбрана, по што се редат дестинациите од Куба до Анталија во Турција. 

– Го избравте Крим, голема грешка – се вели во видеото, по што беа прикажани експлозии на овој полуостров, кој во 2014 година го припоија Русите.

>

Да потсетиме, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат километарски колони руски туристи кои решиле да ги напуштат одморалиштата на Крим по експлозиите.

Некои украински медиуми решија да се пошегуваат со снимката, па објавија снимка од колона автомобили пред мостот на Крим, со коментар дека „нема повеќе слики од бикини од плажа во 2022 година“.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа