ВАШИНГТОН ВО ПАНИКА: Русите купуваат моќно оружје од Иран, почна обуката на војниците (ВИДЕО)

САД веруваат дека Русите веќе неколку недели тренираат на ирански дронови кои ќе ги воведат во војната во Украина, пишува Си-Ен-Ен. Според американските медиуми, ова е најновиот показател дека Москва има намера да купи ирански беспилотни летала и да ги користи во Украина.
>

– Во изминатите неколку недели, руски претставници беа во Иран како дел од договорот за трансфер на ирански беспилотни летала во Русија – изјави анонимен американски функционер за Си-Ен-Ен. 

Портпаролот на Кремљ,  Дмитриј Песков  , во јули изјави дека Русија нема коментар на прашањето за беспилотните летала. Имено, Си-Ен-Ен веќе објави минатата недела дека руска делегација посетувала воздухопловна база во централен Иран најмалку два пати месечно за да ги проучува воените беспилотни летала, според информациите на  Џејк Саливан , советник за национална безбедност на САД.

>

Во јуни, Иран почна да ги покажува своите беспилотни летала Шахед-129 и Шахед-191 на Русија во воздухопловната база Кашан, јужно од главниот град Техеран. И двата модели можат да носат проектили со прецизно наведување. Саливан во јули изјави дека Вашингтон верува дека Иран ќе и продаде на Русија стотици дронови кои Москва ќе може да ги користи во војната во Украина , пишува Си-Ен-Ен.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа