И така Биљали си пиша колумна во која сите ние кои сме против да влеземе во ЕУ како Бугари сме имале расипан ментален код.
Е па со такви Албанците требале да размислат како понатаму, бидејќи нели тие као супер цивилизирани морале побрзо во ЕУ.
Нормално она расипан ментален код Биљали го врзува со ВМРО, но ти Биљали знаеш дека има многу кои не се ВМРО а не сакаат да ги пишат дека се Бугари. Или за тоа се правиш глуп?
Расипан ментален код!?
Ова што е?
Говор на омраза или шовинизам и етничка нетрпеливост? Можеби расизам? НОВА ХИТЛЕРОВА ЕВГЕНИКА?
Гените се во прашање, а тие ни се расипани, така Биљали?
Велиш афрички земји се пред нас зашто гените на некои Македонци таму се расипани.
Ма немој ми реќи?
А некако мајсторски ја избегнуваш во твојата колумна темата 2001.
Да те потсетам?
Овие твоиве со здрави гени со ножеви цртаа сликички и пишуваа по кожите на живи луѓе. Работници во Маврово.
Масакрираа, сквернавеа лешеви на македонски војници кои пред тоа ги убија во заседа кај Карпалак.
Иселуваа цели македонски семејства од многу села кои и денес не се вратени во своите домови.
За какви она гени зборуваш?
Па велиш поимот предавник е демоде.
Оној поим кој им го лепиме на продадените души од СДС.
Ма немој?
Бил демоде.
Оди ако си фраер ова кажи им го на вашите господари Америте во врска со Асанж, Сноуден… Кажи им: ЕЈ браќа Амери а бе ослободете го Асанж, оти демоде е да го гоните за предавство.
Така Биљали?
Ама ко се Америте во прашање не размислувате исто. Не размислувате никако. Во врска со Америте сте безгласни букви. Вазали.
Али знаеме што е ова што го напиша.
Пред една недела твој земјак по здрави гени побара паралелна албанска академија на науки во Скопје.
Сега ти изгледа бараш Албанците од МК да се одвојат од оние со расипан код и гени и да си продолжат сами во ЕУ.
Можеби бараш референдум за отцепување?
Кажи бе чоек отворено.
Или навежбани сте вака да кажувате. Во мали дози додека дојде моментот.
Нормално оваа твоја колумна не верувам дека некој од оние Цивили, Хелсиншки и Комисии за антидискриминација ќе ја означи како говор на омраза.
Оти во мода е ловот на Македонци со расипани гени.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?